Пожарот во Галичник беше изгаснат благовремено. Тој не се прошири во селото. Жителите и гостите, како и објектите и куќите не беа загрозени, изјави во „Утрински брифинг“ директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Сè уште не се знае која е причинатa за пожарот. Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР се вршеше увид. Јас лично, заедно со претседателот на МЗ Галичник го разгледавме местото и постои можност причина да електриката, односно жиците од далноводите кои иминуваат низ боровоата шума. Но, ова е паушално тврдење и чекаме на одговор. Теренот кој беше зафатен од пожарот не беше голем, ја исклучувам можноста подготовка од скара да е причината, вели Ангелов.

Според Ангелов, ветерот создаде малку поголема паника, зошто чадот одеше накај селото.

Ретко кога дува толку силен ветер, пожарот се движел накај селото и постоеше реална опасност тој да се прошири во првите куќи кои се граничат со шумскиот појас, вели Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.