Една од девојките чии фотографии се најдоа во групата „Јавна соба“ одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем.

Во „Јавна соба“ постирана е нејзина фотографија по бикини земена од „Инстаграм“, но покрај навредливите коментари, објавени се и нејзините лични податоци и телефонски број.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)

Од МВР велат дека секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и го повикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки.

Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај, наведуваат од МВР.

„Јавна група“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни .

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.