Сите одговорни за несреќата кај Ласкарци треба да излезат пред судот на правдата, порачаа денеска од Алијанса за Албанците. Пратеникот на оваа партија Сурија Рашиди изјави дека се доцни со истрагата затоа што сопственикот на „Дурмо турс”, компанија во чиј автобус на 13 февруари загинаа 15 лица, бил близок со раководството на ДУИ и главен финансиер на нивните кампањи во Гостивар.

Од партијата на Зијадин Села бараат транспарентна процедура за расветлување на случајот, а за таа цел и да се формира и собраниска анкетна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.