Во сообраќајката што се случи во петокот вечерта наспроти Кичевската касарна на магистралниот пат Кичево-Гостивар, учествувале две патнички возила „Фолксваген-Кеди“ со бугарски регистарски ознаки управуван од К.Г.Н.(49) од Бугарија и „Ауди“ со албански национални ознаки управувано од Р.З.(23) од Албанија.

Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира, дека во незгодата возачот на аудито Р.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот на „Фолксвагенот“ и сопатникот од истото возило М.В.(51) од Бугарија и сопатникот во „Аудито“, О.С.од Албанија, се здобиле со телесни повреди.

Увид на самото место извршиле полициски екипи од ОВР-Кичево а причината за несреќата и висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.