Синоќа околу 21 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека за лицето К.Т. (33) од Република Албанија има распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Тој бил лишен од слобода, а ноќеска во 01 часот бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.