Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, пренесува СДК. мк официјални онформации од МВР.

Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалничка на Кисела Вода од 2013 до 2017.

Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.