Од нелегалниот увоз на тутун и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра.

Правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот, соопштија директорите на Финансиската полиција и Царинската управа Арафат Муареми и Ѓоко Танаскоски, по акцијата во скопското село Љуботен каде е запленето 12 тони тутун како и опрема за обработка.

Повикани на разговор засега се 4 физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено. Муареми вели дека тие се познати на истрагата и се очекува јавен обвинител да даде налог за нивно приведување.

Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.