Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, имаше прес-конференција во врска со спроведената акција во јавноста позната под името „Планина”.

Обвинителката на прес-конференција откри детали за акцијата „Планина“, во која вчера беа уапсени 22 лица од четири скопски населби, Грчец, Чаир, Гази Баба и Сингелиќ.

Уште на почетокот бевме свесни дека за секој од членовите на овие криминални групи мора да собираме поединечно докази затоа што тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и дека постои мала веројатност при спроведување на акција за нивно лишување од слобода дека ќе се најдат големи количини наркотична дрога, во најголем број на случаи се работи за кокаин. Се побараа наредби за поцелоистражни мерки – следење на комуникација и посебна истражна мерка тајно следење и снимање вон приватен имот. Истражителите на Обвинителството беа во техниката каде што се вршеше прислушувањето односно следење на комуникациите кога имаа сознанија дека одредени лица ќе вршат продажба на наркотична дрога се координираа со другите истражители, а овие со службата за следење при што откако ќе се документираше продажбата со помош на одбрани лица на интервентната полиција се вршеше запирање или запирање на улица при што им беше одземена наркотичната дрога што ја имаа купено – вели Русковска.

Русковска вели дека само во Грчец извршени се претреси на 26 локации.

Лишени се од слобода 13 лица, од кои за 9 лица е определена мерка притвор, за 3 мерка куќен притвор и за 1 лице мерки за претпазливост. Од оваа група 5 лица се недостапни. Можете да ја видите шемата односно организаторите и сите оние што одат под нив, како и нивната меѓусебна комуникација – објаснува обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.