Полицијата приведе две лица на возраст од 25 и 20 години, откако вчера при претрес на стан во Скопје, во кој привремено престојувале биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Вчера во 19:00 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле лишени од слобода А.С.(25) и М.К.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од МВР.

По претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојуваат двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Од МВР информираат дека лицата А.С. и М.К. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.