Двајца браќа биле приведени ноќеска во тетовската полиција откако претходно агресивно се однесувале во клиничката болница и кон полицајци кои дошле за да интервенираат.

Браќата дошле во болницата за да му се укаже помош на помладиот од нив.

Околу 2.25 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(47) од Тетово, кој се однесувал агресивно и се обидел со остар предмет да ги нападне полицајците. Потоа удрил и еден од нив, откако дошол во тетовската клиничка болница, каде на Хируршкото одделение му се укажувала помош на неговиот брат Ј.А.(42).  Н.А. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Нешто подоцна, околу 3.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле и Ј.А.(42), кој се однесувал агресивно, а претходно скршил и стакло од врата во тетовската болница – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.