Адвокатот на Никола Груевски Горан Кркински на денешните завршни зборови истакна дека нема ништо незаконски во изградбата на партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ и хотелот кои започнал да го гради АД Бетон. Уште помалку, вели адвокатот, поранешниот премиер имал некаква улога во тоа или пак правел притисок. Според Кркински, сите одлуки биле донесени од партиските органи.

Според адвокатот, најголем доказ за тоа дека во овој случај нема ништо незаконски е изјавата на сопственикот на АД Бетон Минчо Јорданов дека не се чуствува измамен и оштететен и оти верувал дека изградбата на хотелот ќе има профит за неговата компанија.

Јорданов немал никаква блискост со партијата, па затоа нема причина да нешто прикрива – смета застапникот.

За Никола Груевски не постои ниту еден доказ освен тврдењето на обвинителот. Затоа барам тој да биде ослободен – рече адвокатот.

Тој објасни дека објектот на ВМРО-ДПМНЕ е помал од тој на СДСМ и оти не разбира што има лошо ако има опрема за физичка активност и фитнес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.