Барањето за меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“ предизвика и реакцијата на познатата адвокатка Артене Исени, која ги брани некои од членовите на кумановската група. Таа преку статус на „Фејсбук“ ги коментираше најновите позиции на кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти, за меѓународна истрага за овој случај.

Барањето на идниот премиер на Република Косово, г. Албин Курти, за спроведувањето меѓународна истрага е една од обврските и приоритетите на оваа Влада. Само со експерти и истражители кои не се засегнати од интересите на оние кои ги иницираа и реализираа кумановските настани , може да се задоволи правдата и нашите момци целосно да бидат ослободени ослободени од обвинението за „тероризам“. Новата сила е нова надеж, подвлече Исени.

Лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти при неодамнешната посета на Скопје, покрај приоритетите за соработка и проекти од заеднички интерес, разговараше и за случајот случајот „Диво Насеље“ со премиерот Зоран Заев.

ратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, во интервју во „Пресинг“ на Т7 кажа дека Курти побарал од Заев истрага за овој случај.

Г-дин Курти побара меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“. Ова го побара од Заев, не знам дали е добро што го кажувам ова, но на денот кога тој беше во посета ова го побара од нашиот премиер, рече Зекири.

Меѓународната истрага претходно беше спомнувана и од самиот Заев и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека случајот исто така беше под лупата на поранешното Специјално обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.