Ирена Фрчкоска, адвокатката на Катица Јанева изјави дека ќе бара снимките на Орце Камчев да не бидат користени како докази, бидејќи се прибавени на нелегален начин.

Сега ќе треба да видиме дали тие снимки ќе можат да се користат како докази во постапката, бидејќи се прибавени на нелегален начин. Не може како „бомбите“ кои се користат како докази, бидејќи тие иако беа прибавени на нелегален начин, беа озаконети со Законот за специјално обвинителство. А, овие снимки се третираат како докази прибавени на незконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката – изјави Фрчкоска на гостувањето во емисијата „360 степени“.

Според неа е спорно и што во образложението за разрешување на Јанева се користи терминот „незаконито дејствие“.

Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот „незаконито дејствие“, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост – вели Фрчкоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.