Пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски, за кого „Република“ објави дека ја претепал сопругата и сеобидел да ѝ ги земе децата, испрати барање за јавно извинување и повлекување на текстот.

Ацевски ги демантира наводите во текстот „Костадин Ацевски е пратеникот од СДСМ кој ја претепал сопругата и сакал да и ги земе децата“ и вели дека сме се обиделе да му го нарушиме угледот, и да му нанесеме директна штета на угледот на неговото семејство.

Крајно несериозно и непрофесионално е да се пласираат вакви невистини, без притоа никој од Вашите редакции да не побара став од мене или пак од мојата сопруга. Дотолку повеќе што во посочените текстови нема наведено ниту автори, што е непрофесионално и во спротивно со новинарските стандарди. Сето ова укажува на тенденциозна намера на овие редакции со невистини, лаги и манипулации да ми нанесат директна штета на угледот и честа. Од тие причини, во согласност со член 13 и член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам јавно извинувањеод порталите „Република“и „Лидер“ за објавените текстови во ист формат и на исто место како што се објавенитекстовите на порталите. Во спротивно во согласност со член 6 и член 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе поднесам пријава против порталите „Република“ и „Лидер“ за навреда и клевета, со единствена цел да го заштитам мојот углед и угледот на моето семејство, пишува Ацевски во демантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.