Полицијата го привела 75-годишниот М.З. од Палатица откако претходно бил пријавен дека во дворот од семејната куќа го нападнал 32-годишниот син. Настанот се случил вчера околу 20 часот.

Во нападот, според пријавеното, М.З. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, а му биле одземени: ловечка пушка, пиштол, метален и дрвен предмет, информираат од СВР Тетово.

Полицијата продолжува со истрагата, расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.