Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаа донесени пресуди за 723 лица, информираат за МИА од ОКС-Скопје.

Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, против 751 лице. За донесените пресуди поднесени се приговори во 72 предмети од 102 лица и за нив се закажани расправи. Од досега сработенотo во Кривичен суд Скопје, седум предмети се правосилни, за осум обвинети.

Статистичките податоци објавени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, покажуваат дека речиси триесет отсо од прекршувањета на полицискиот час се регистрирани во Скопје, потоа следат Битола, Прилеп и Тетово. Просечната парична казна која е им изречена на обвинетите за стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, е две илјади евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.