„Мерцедес“ управуван од 71-годишник прегази 76-годишна жена во Охрид.

На 14.12.2022 околу 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71) од Охрид, удрило во Ж.Ѓ.(76) од Охрид. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.