Повозрасен човек по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми.
Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.
Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.
Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.