Автомобил „пежо“ утринава пропадна во дупка од градежни активности кај „Прокредит” банка близу „Сити Мол” во скопската населба Карпош, пренесува „Сакам да кажам“.

Околу 7-8 часот во ургентниот центар на болницата „8 Септември“ биле донесени три деца, кои наводно украле возило и при возење пропаднале во дупката. Прегледани се и бидејќи немале посериозни повреди, однесени се во полициска станица, велат извори од болницата за порталот.

Повеќе фотографии и детали на „Сакам да кажам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.