Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на владата, а се насочени кон справување со пандемијата од коронавирусот, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на МВР констатирано е дека:

✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се по едно лице кои не ги почитувале мерките за изолација и за самоизолација.

✔️ По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 562 прекршоци, соопшти министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.