Уапсено едно лице од струмичко Банско, во чиј дом била пронајдена марихуана.

Денеска во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Oдделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, известува МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.