Четириесет и деветгодишниот М.Т. од Гостивар управувал со автобусот на „Дурмо турс“, кој излета од автопатот Скопје – Тетово вчера околу 17 часот ја селото Ласкарци.

Во полицискиот билтен е заведено дека автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т. (49) од Гостивар излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје – Тетово. Од здобиените повреди починале 14 патници, а 39 се повредени и хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово.

Увидот од страна на Јавен обвинител и СВР Скопје е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.