Четириесет и петгодишна скопјанка вчера почина на лице место откако на неа налета патничко возило.

Како што соопшти МВР денеска, во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје.

Б.З. починала на местото на незгодата, смрт констатирал лекар, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.