Жител на едно кавадаречко село е осуден затоа што со негов пријател на социјалните мрежи објавиле како тој има секс со магаре, дознава СДК. Тој за ова е осуден на парична казна од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот маж не се жалел и пресудата е правосилна.

Настанот се случил на 5 март годинава, во близина на фудбалско игралиште на селото каде тој живеел.

Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на „Фејсбук“, пишува во обвинението.

Судијата во образложението за пресудата, констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие, пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата. По ова во Основен суд Кавадарци, изречена е парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400, во денарска против вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.