Четириесетгодишен возач од Скопје е мажот кој вчера го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во Ченто.

Како што соопштија од МВР, околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„Методија Андонов – Ченто” се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С.С.(1961) од Скопје и патничко моторно возило „голф” со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје. Од страна на екипа на Интната медицинска помош констатирана е смрт кај С.О..

Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во Ургентниот центар во „Мајка Тереза”, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.