39-годишен скопјанец пронајден мртов во викендица во село Чучер.

На 27.01.2023 околу 12.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во викенд куќа во с.Чучер, скопско, Б.А.(32) од Крива Паланка го пронашол починат неговиот другар Н.Т.(39) од Скопје, со кого од 25.01.2023 заедно престојувале во викенд куќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, информираа од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.