Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу 22:00 часот се случила на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, кај селото Самоилово. Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале два автомобили марка „шкода фабија“ и „фолксваген голф“ и камион со полуприколка со турски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал С.С. (37) од село Самоилово, кој го управувал „голфот„, додека Т.К. (24) од село Ново Коњарево и сопатничката А.Ј.(27) од автомобилот „шкода фабија“, како и возачот на камионот, М.К. (42) од Турција, се повредени и биле пренеси на лекување во струмичката болница.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Инаку, за само еден ден ова е втора сообраќајна несреќа со жртва. Првата се случи вчера во 07:50 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај, а во неа животот го загуби И.Д. (48) од селото Петралинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.