Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од с.Двориште, беровско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“.

Како што соопшти МВР, Д.С. во повеќе наврати преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11-годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.