Полициски службеници синоќа привеле скопјанец баран со централна потерница за доиздржување казна затвор.

На ул. „Скупи“ во Скопје синоќа во 20.20 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ч.(31) и И.Г.(31), двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ч., а сопатник бил И.Г. и при нивен личен преглед кај Ф.Ч. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, И.Г. се барал по централна потерница за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.