Неготинка пријавила физички напад од својата ќерка. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информираше дека мајката го пријавила случајот денеска.

Во Полициската станица Неготино, 57-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзината ќерка С.И. на возраст од 27 години, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.