Пешак од Велес е тешко повреден откако во него удрило патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.

Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена вчера во 07.50 часот во СВР Велес, а се случила на улицата „Панко Брашнаров“.

Возилото „Шкода јети“ било управувано од полицискиот службеник В.А.(25) од Велес, а удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Велес.

Во незгодата Д.Т. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.