Младо лице на 25-годишна возраст утрово смртно настрада при пад од балкон од трети кат на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Воска, во Охрид.

Случајот е потврден од полицијата која изврши увид на самото место, додека екипата на Службата за итна медицинска помош само ја констатирала смртта.

Според првичните информации, станува збор за самоубиство, но околностите за случајот ќе ги утврди истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.