Млада жена почина во Гинекологија Чаир откако синоќа била донесена во бессознание, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 23.00 часот во СВР Скопје, од Гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир било пријавено дека во 21.30 часот кај нив во бессознание била донесена А.Р. (24) од селото Студеничани, Скопско.

Според пријавеното, бил направен обид за реанимација, но во 23 часот била констатирана смрт кај А.Р.. По консултација со јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.