Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 23-годишната С.Ј. од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, се вели во полицискиот билтен.

Пријавената, во периодот од 29.10.2019 до 28.11.2019, во четири наврати навлегла во компјутерскиот ситем на банка од Скопје и, со искористување на податоци од дебитна картичка од трансакциска сметка на Ј.Ј., извршила плаќање преку интернет во хотели во Скопје, со што предизвикала материјална штета во износ од 15.155 денари, наведено е во билтенот на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.