Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Х.Р.(23) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 08.08.2020 на регионалниот пат Радовиш – Штип, крстосница за Неготино, полициски службеници запреле товарно возило „волво“, управувано од Х.Р., во кое во просторот наменет за товар биле пронајдени 93 лица мигранти од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.