Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата за забрана и посебен режим на движење со кои се забранува движење на населението. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.