Дваесетгодишен скопјанец е тешко повреден откако вчера бил регазен во Центар.

Како што соопшти МВР, во 20.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„ВМРО“ и ул.„Максим Горки“ патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(27) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(20) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.