Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачјето на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.

Како што информираат денеска од МВР, при службен разговор со пријавениот во Одделението за внатрешни работи Радовиш, тој ги признал делата. Притоа, едно од кривичните дела „тешка кражба“ го сторил заедно со С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој, исто така, бил извршен разговор во полициска станица. Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.