Уште еден пешак викендов настрада на скопските сообраќајници.

На 26.06.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“, патничко возило „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(58) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а Ф.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.