Во 4.50 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.С. од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од И.Ц.(30) од селото Тромеѓа, кумановско- обезбедување во дискотеката.

Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „Ауди“, до кое тие застанале. Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето.

Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.