Во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани се 481 прекршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 се приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.