Во селото Ваксинце сепронајдени 14 мигранти. Според извори на МВР, вчера два часа полицијата вршeла контрола во куќата и други простории на осомниченото лице за трговија со луѓе. Шест од емигрантите се од Индија, а останатите се од Пакистан и Авганистан. Емигрантите се однесени во прифатниот центар во Табановце.

Со претходна судска наредба полицијата го уапси лицето Б.А. По комплетирањето на документацијата, осомничениот ќе биде изнесен во кумановското основно обвинителство каде треба да му биде изречена мерка претпазливост.

И минатата сабота во Ваксинце полицијата пронајде 81 емигранти меѓу кои 19 малолетници, кои биле пронајдени во објектот на осомничениот Н.А кој беше уапсен, па пуштен на слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.