Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење.

Од МВР известуваат дека превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник).

Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.