Забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот на целата територија на земјава во изминатото деноноќие, односно на 23 и 24 март, не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје – 44, при што приведени се 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

Покрај ова, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на Владата, а објектот е затворен.

Севкупно во периодот од 26 февруари до денеска, 24 март издадени се 1.105 решенија за изолација, додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.