Во патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски таблици околу еден часот по полноќ на регионалниот пат Радовиш-Штип полицијата затекнала 13 мигранти од Дака, Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР, мигрантите и возачот А.А (26) од Скопје биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.