Тинејџер е тешко повреден по судирот што се случи вчера во 15.15 часот на крстосница помеѓу ул.„Драги Крупишки“ и ул.„Кратовска“ во Штип.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал 55“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ.(24) од с.Долни Балван, општина Карбинци и мопед „гарели гсп 50“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Штип.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.