Најмалку 12 лица загинале кога двајца припадници на паравоена група отвориле оган врз своите соборци во авганистанската провинција Херат.

Во нападот загинале најмалку 12 луѓе, а напаѓачите побегнале со одземеното оружје и муниција. Авганистанските безбедносни сили воспоставиле контрола на местото на настанот. Одговорност за нападот презедоа талибанците.

Во меѓувреме, при подметната бомба во Кабул загинаа двајца полицајци, а еден е повреден.

Во провинцијата Хелманд, пак, полициска станица беше нападната од бомбаш-самоубиец, при што загина еден полицаец, а двајца се повредени.

За нападот во Кабул и во Хелманд се уште никој нема преземено одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.