Министрите за надворешни и внатрешни работи на Република Македонија Никола Димитров и Оливер Спасовски, кои учествуваат на состанокот на високо ниво на франуско-германската иницијатива за борба против илегална трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан, во своите обраќања нагласија дека оваа борба уште одамна е идентификувана како приоритет во Република Македонија, јавува дописникот на МИА.
На почетокот од своето обраќање, Димитров нагласи дека Македонија ја поддржа Иницијативата на Франција и Германија за справувањето со проблемот со илегално огнено оружје на Балканот од самиот почеток, свесни дека и покрај повеќегодишни активности на национално и регионално ниво, проблемот се уште постои, како последица на различни конфликти и „културата на оружје“ на нашите простори.
Во процесот на исполнувањето на стандардите за членството во ЕУ, Македонија, според Димитров е подготвена за потесна соработка во однос на безбедносните прашања од различен вид, вклучително и контролата на илегална трговија со мало и лесно оружје, во интерес на креирање побезбедни општества за нашите граѓани и борба против организираниот криминал.
Неопходно е целото општество да се сензибилизира за проблемите врзани со илегална трговија и поседување на огнено оружје и последиците за индивидуална и колективна безбедност. И да се зголеми свеста за индивидуална одговорност во овој контекст. Покрај кампањите, медиумите имаат важна улога, како едни од клучните креатори на јавното мислење. Оттука објективното и несензационалистико информирање може да биде од голема корист за нашите напори во оваа област, рече Димитров истакнувајќи ја улогата на медиумите.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше подетално за приоритетите на Македонија за стратегијата и акциски план и измените направени од страна на Националната комисија за мало лесно оружје со цел усогласување со Патоказот. Се очекува овој документ наскоро да биде одобрен и од страна на Владата на Република Македонија.
Владата на Република Македонија ја ревидираше Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и Акциониот план во Република Македонија која се однесува за период од 2017 -2021 година. Надно, и ги инкорпорирање седумте цели дефинирани во Патоказот кои сега веќе се преточени како стратешки цели во рамки Стратегијата за контрола на мало и лесно оружје и Акцискиот план за период 2017-2021 на Република Македонија, рече Спасовски.
За таа цел приоритет на македонското Министерство за внатрешни работи е да отпочне со изградба на информатички информациски систем кој понатаму ќе биде подготвен да се приклучи кон системите на ЕУ (SIENA, iARMSи сл.), додаде македонсклиот министер за внатрешни работи.
Спасовски нагласи дека примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси како и подигање на јавната свест преку спроведување на соодветни програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.