Српскиот кошаркар, Богдан Богдановиќ, го одигра најдобриот натпревар откако летово дојде во тимот на Атланта хоукс и го предводеше својот тим до победа против Оклахома сити со 116:93.

Богдановиќ беше најефикасен на дуелот со 23 постигнати поени, колку што имаше и неговиот соиграч, Тре Јанг.

Ова за Атланта беше седма победа во низа, со што „јастребите“ се искачија на петтото место во Источната конференција.

Резултати од синоќешните натпревари:

Вашингтон – Јута  131:122

Атланта – Оклахома сити  116:93

Њујорк – Орландо  94:93

Феникс – Минесота  119:123

Портланд – Њу Орлеанс  101:93

ЛА Лејкерс – Шарлот  116:105

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.