Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имал проблем со шпанската полиција во Валенсија. Тој со неговото возило „Порше Панамера“ бил запрен од сообраќајната полицијa за рутинска проверка.

Полицајците сметале дека еден од приложените документи на Барди е фалсификат. Тоа била неговата возачка дозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија. Сепак, според полицаецот, документот изгледал фалсификуван. Полицајците не дозволиле Барди да продолжи да го вози автомобилот и го информирале дека може да се соочи со кривична одговорност за сообраќаен прекршок, но и фалсификување официјални документи.

Македонскиот фудбалер денеска на социјалните мрежи објави соопштение со кое сака да ја појасни ситуација и негира дека возeл со фалсификувана возачка дозвола.

По објавената информација денес во еден медиум, во кој се објавува дека локалната полиција на Валенсија отвори постапка против мене за наводно кривично дело фалсификување на документи, поврзано со мојата возачка дозвола, сакам да објаснам дека возачката дозвола што им ја презентирав на полицајците при полициската контрола, минатиот понеделник, 5 април, е потврдена од соодветните институции во мојата земја. Ова утро веќе и го доставив на локалната полиција сертификатот, издаден денес од Министерството за внатрешни работи на мојата земја, Република Македонија, што ја потврдува валидноста на возачката. Мојата намера е дека, со оваа документација обезбедена денес, ќе се расчисти недоразбирањето кое е создадено, стои во соопштението на Барди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.